Дека човек не знае што му носи судбината потврдува и ова видео со туристи кои неодамна трагично загинаа, при возењето со балон, во близина на Долината на кралевите, во Египет.
Туристите среќни што ќе имаат ново искуство, не ни помислиле што може да ги снајде.
Во балонот имало 21 лице, а преживеале само пилотот Момен Мурад (29) и Британецот Мајк Рени (49). Двајцата скокнале од балонт додека се уште бил ниско, а останатите патници останале во корпата.
Видеото е снимено при подготвувањето за полетување, а го направиле организаторите на патувањето, со цел учесниците да го чуваат како прекрасно сеќавање.
Елена Георгиевска