Видео-средба на Зеленски со американските сенатори

Од:

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, имаше едночасовна видео-средба со американските сенатори, при што повика на поголема поддршка за одбрана на неговата земја од руската инвазија, јави Гардијан.

Сите 100 американски сенатори беа поканети на повикот на Зум, а помошниците потоа ги брифираа новинарите дека Зеленски побарал испорака на повеќе авиони и беспилотни летала. Џејмс Ланкфорд, републикански сенатор, твитна дека украинскиот претседател исто така сака „светот да престане да купува руски производи (како нафта и гас).

Зеленски упати „очајна молба“ за Источна Европа да обезбеди за Украина авиони од руско производство, според лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер. – Овие авиони се многу потребни. И ќе направам се што можам за да и помогнам на администрацијата да го олесни нивниот трансфер, рече Шумер во изјавата.

Конгресните лидери работат на пакет во вредност од околу 10 милијарди долари за економска и безбедносна помош за Украина, при што соработниците информираат дека борбените авиони може да бидат испратени во конфликтот преку трета земја. Крис Ван Холен, демократ, твитна дека НАТО треба „веднаш да го олесни трансферот на борбени авиони од Полска, Романија и Словачка во Украина“.

Западните лидери досега го отфрлија барањето на Зеленски за воспоставување зона на забранети летови над Украина. Но, сенаторите изразија силна поддршка за земјата по состанокот.

„Јас и другите ја потврдивме американската поддршка за Украина и разговаравме за дополнителната помош што САД ќе ја испратат до нашите партнери во нивната борба за слобода. Сите очи се вперени во Украина која стои на првите борбени линии за одбрана на демократијата“, напиша на Твитер Џин Шахин, додека Гери Петерс, друг демократ, го нарече Зеленски „вистинска инспирација“.

Рик Скот, републиканец, повика на посилни мерки и против Русија и Белорусија, посочувајќи дека САД треба да ги преземат „секоја можна акција за да ги уништат нивните економии“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк