ВИДЕО: Спектакуларно движење на метеорит забележано во Швајцарија

Од:

Безбедносните камери на автомобилите во Швајцарија минатата ноќ снимиле спектакуларно движење на метеорит.

Според наводите на медиумите, очевидците покрај визуелен забележале и звучен настан, осносно слушнале две експлозии, пропратени со силна светлина. „Огнената топка“ била забележана и во Австрија и јужните делови на Германија.

-Звучеше како експлозија. Ќерка ми беше на балконот кога тоа се случи, дури и почувствувала благ притисок- вели еден сведок.

Полициските управи во Цирих и Берн соопштија дека добиле неколку повици од граѓаните кои ја забележале светлината на небото.

Инаку иако меторитите претежно поминуваат покрај Земјата и го продолжуваат својот пат во Вселената, во февруари 2013 година, едно небесно тело падна во рускиот град Чељабинск, при што беа повредени повеќе лица и беше причинета голема материјална штета.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ