(ВИДЕО) Специјалци на улиците во Сиднеј, уапсени се седум мажи кои биле на пат кон познатата плажа Бонди

Од:

Драматични сцени на југозападот на Сиднеј, каде што се уапсени седум мажи за кои се верува дека биле на пат кон познатата плажа Бонди.

Операцијата ја спроведе полицијата за борба против тероризмот, а снимките од местото на настанот покажуваат како тешко вооружени специјални сили ги приведуваат осомничените, објавува „Скај њуз Австралија“.

Полицијата на Нов Јужен Велс дејствувала врз основа на разузнавачки информации дека лица, кои патувале од Мелбурн, имале намера да одат на плажата Бонди, каде што се случи масакрот во неделата.

Поради напнатата ситуација, се вели дека полицијата пристапила кон информациите со голема претпазливост.

За време на операцијата, тешко вооружените полицајци испукале неколку гумени куршуми и користеле полициско возило за да турнат бел автомобил „Хјундаи“ од улицата.

Полицијата издаде соопштение дури подоцна, во кое се вели дека Единицата за тактички операции одговорила на информациите дека се планира насилен чин.

„Полицијата пресретна два автомобила како дел од истрагата. Во овој момент, полицијата не утврдила никаква врска со тековната полициска истрага за терористичкиот напад во Бонди“, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Ахмед, херојот од Сиднеј вели: Мојата цел беше само да му го земам оружјето и да ги заштити невините луѓе

Таткото и синот со месеци го планираа масакрот во Сиднеј

Горан Наумовски

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот што го спречи напаѓачот од Сиднеј