ВИДЕО: Со дрон од 500 долари, Украинците соборија руски хеликоптер Ми-8

Од:

УкраинскитеЕ сили соборија руски хеликоптер Ми-8 користејќи беспилотно летало од типот ФПВ, објави на Телеграм Роберт Бровди, познат по прекарот „Унгарец“, командант на силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина.

Според него, нападот го извршиле припадници на 1-виот баталјон беспилотни системи на 59-та воздушно-десантна бригада.

Иако Бровди првично тврдеше дека е соборен напаѓачкиот хеликоптер Ми-28 „Хавок“, украинскиот активист Серхиј Стерненко нагласи дека станува збор за транспортен хеликоптер Ми-8 „Хип“, модифициран за лансирање ракети.

Објавените снимки покажуваат како, по ударот на дронот, хеликоптерот се запалил и леталото неконтролирано се урнало во поле. Падот бил забележан и од руски напаѓачки хеликоптер Ка-52 „Хокум А“, кој кружел над остатоците.

Според проценките, типичен украински беспилотно летало од типот ФПВ, кое се користи како евтина тактичка муниција или за напаѓање нисколетачки цели, чини помеѓу 400 и 500 долари. Вредноста на хеликоптерот Ми-8 се движи помеѓу 10 и 15 милиони долари, објави „Киев пост“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина има нова стратегија во војната со Русија

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник

Нова програма за финансирање на Украина вредна 8,1 милијарда долари, одобри ММФ

Енергетската криза во Украина го уништува производството

ВИДЕО: Силни експлозии одекнуваат во Киев, Полска ги крена авионите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Терористички напад во Лвов, има мртви и повредени