(ВИДЕО) Снимка од страшните поплави: Пороите носеа луѓе и автомобили, шестмина загинаа

Од:

Невреме со силен дожд ја пустоши Шпанија од минатиот викенд.

Имаше огромни поплави, а пороите однесоа луѓе и автомобили. Како што јави Франс24, бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на шест.

Колку се страшни поплавите во Шпанија покажува видео објавено на социјалната мрежа Х од градот Корела на северот на земјата. Во видеото кое е направено денеска, може да се види како автомобилот се пробива низ водата која се повеќе ја поплавува улицата и возилата на неа.

Викендов невремето, кое ја зафати целата земја, го попречи патувањето на десетици илјади луѓе последниот викенд пред почетокот на новата учебна година. Научниците предупредуваат дека екстремните временски услови како тропските бранови и бурите стануваат се поинтензивни поради климатските промени.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени