ВИДЕО: Снимен моментот на силниот потрес во Перу, десетици повредени, оштетени куќи

Од:

Најмалку 40 луѓе се повредени во силниот земјотрес што вчера го погоди северниот дел на Перу објавија локалните здравствени власти.

Од болницата во градот Сулане информираат дека тројца се потешко повредени, а меѓу нив е и една трудница.

Потресот со јачина од 6.1 степени по Рихтер бил на длабочина од 36 километри соопшти Сеизмолошкиот центр на Перу.

Агенцијата за цивилна заштита инфромираше дека се оштетени 187 куќи, а во шест од нив веќе не може да се живее. ВО една област се пријавени и неколку свлечишта.

Потресот се почувствувал и во соседниот Еквадор.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски