ВИДЕО: Снежно невреме во делови од Велика Британија

Од:

Најмалку 40 сантиметри снег паднаа како последица на невремето „Лариса“, кое зафати делови од Велика Британија.

Силен ветер дувал со брзина од 80 километри на час, пишува „Дејли мејл“.

RAC ги предупреди возачите да „размислат внимателно пред да тргнат“ откако некои автомобили беа заглавени на М62 во Манчестер во текот на ноќта поради снег.

Сообраќајот е во прекин рано утринава во повеќе делови од земјата поради обилните снежни врнежи.

Утрово метеоролозите издадоа три „килибарни“ временски предупредувања за северна Англија, Мидленд, северен Велс и Северна Ирска.

Во останатиот дел од земјата на сила е „жолт“ метео аларм.

Во областите опфатени со „килибарното“ предупредување се очекуваат многу тешки услови за возење.

Во јужниот дел на Англија се очекуваат обилни врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година