(ВИДЕО) Снежна бура во САД: Десетици илјади без струја, вонредна состојба во повеќе држави

Од:

Околу 70 милиони Американци беа на удар на историската снежна бура на североистокот на САД каде силниот снежен ветер го запре сообраќајот. Една жена почина на северот на Њујорк.

Во одререни делови на источниот брег силниот ветер предизвика прекин на елекнтричната енергија. 88 илјади жители на Mасачусетс останаа без струја. Пет американски држави прогласија вонредна состојба, а во САД се откажани околу 6.000 летови.

Во Атлантик Сити и во Њу Џерси вчера е регистирирана рекордна количина снег за јанuари, со 84 сантиметри. Прогноситчарите најавуваат дека денеска би можело да навrne и до два метра снег во регонот Лонг Ајленд, Роуд Ајленд, Масачусетс, Њу Хемпшир и Мејн.

Ова е втора снежна бура оваа година на американскиот североисток, по онаа на почеtокот на меsецов кога беше зафатен регионот од Џорџија до Квебек. Десетици илјади луѓе и тогаш беа без струја.

Во одредени делови, покрај снего големи проблеми прават и излевањата на водите.

„Немаме работа само со снегот, туку i со водата и со ниските температури“ – се жалат дел од градоначалниците за американските медиуми.

Во погодените регионi, градските власти го повикаа населението да не излегува од домовите. Најголем дел од продавниците се буквално испразнети, бидејќи жителите на овие држави панично купуваа откако беа предупредени за големотo невреме.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија