ВИДЕО: Снежен хаос во Канада – наноси од снег повисоки од четири метри

Од:

Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ситуацијата дополнително се влоши со тоа што ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час,и во комбинација со обилните врнежи од снег предизвика огромни проблеми во сообраќајот.

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

Локалните жители смислија име за ситуацијата – „сноумагедон“ – и така ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај тоа, видливи се и снимки од луѓе кои буквално копаат надвор од своите домови. Метеоролозите неделава најавуваат нов снег. Затоа, вонредната состојба останува во сила.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски