ВИДЕО: Сиријка тајно го снимила секојдневието на припадници на Исламска држава

Од:

Една Сиријка го ризикувала својот живот и со скриена камера на себе го снимила секојдневието на улиците во градот Рака, кој на светот му е познат како седиште на една од најопасните терористички организации, Исламска држава.

На видео записот се гледа како таа облечена во бурка со калашников на рамо го испраќа своето дете до игралиште, додека еден маж од автомобил и наредува да го покрие лицето.

Оваа непозната храбра Сиријка влегува во едно интернет кафуле, каде што жена на течен француски јазик и вели дека и покрај обидите на нејзиното семејство да се врати дома, таа не сака да го направи тоа.

Според наводите на ТВ Франција 2 која што го објави видео записот, многу жени дошле во Сирија за да им се придружат на своите сопрузи кои се борат за Исламска држава, но има и такви кои заминале со цел да се омажат. Се верува дека на север на Сирија живеат околу 150 Французинки.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад