ВИДЕО: Силни ветришча и виулици во Владивосток, само најхрабрите одат пеш

Од:

Снимките од Владивосток – центарот на рускиот Далечен исток, ја покажуваат целата суровост на зимата на бреговите на северниот Пацифик.

Во градот со слична големина како Скопје, во кој е сместено најважното руско пристаниште на Тихиот Океан, деновиве ги одбележа карактеристично време за овој дел од годината, со силни виулици, ветер што во налети достигнувал до 110 километри на час и температури што се спуштаа и до -24 степени.

Колку и да се навикнати на ваквото екстремно време, локалните жители имаат проблем да се движат во вакви услови, а одењето пеш, како што се гледа на снимките, може да биде и многу опасно.

Повеќе од 60 луѓе биле примени во болница со фрактури и повреди по снежното невреме кое го замрзна градот, јавуваат руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски