(ВИДЕО) Силите на Кадиров навлегуваат во Ростов

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, коментирајќи ја ситуацијата во Русија, рече дека „бунтот мора да се потисне“.

– Го поддржувам секој збор на претседателот Владимир Путин, рече тој.

„Доколку е неопходно да се преземат драстични мерки, ние сме подготвени“, рече Кадиров во врска со обидот за вооружен бунт на групата „Вагнер“.

Тој нагласи дека борците на Министерството за одбрана и на Чеченската Република веќе пристигнале во зоната на напнатост.

Кадиров рече дека целосно го поддржува секој збор на рускиот претседател Владимир Путин.

Чеченскиот лидер ги повика борците да не наседнуваат на провокации, нагласувајќи дека безбедноста на државата и единството на руското општество се пред се во овој момент.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Пригожин можеби е убиен

Пригожин ќе биде погребан во Санкт Петербург, Путин нема да присуствува на погребот

Не се знае кога и каде ќе биде погребан Пригожин

ВИДЕО: Пронајден вториот дел од авионот на Пригожин, се распаднал во воздух

(ВИДЕО) Снимка од внатрешноста на авионот на Пригожин: Бил на продажба, купувачите го гледале на денот на несреќата

Британија: ФСБ стои зад падот на авионот на Пригожин