(ВИДЕО) Силен земјотрес во Тибет: Под урнатините се бараат преживеани, над 53 мртви

Од:

Најмалку 53 лица загинаа во силен земјотрес што утринава го погоди хималајскиот регион на Тибет во југозападна Кина.


Според кинеските државни медиуми, многу згради се уништени. Повредени се над 60 лица, а уништени се над илјада куќи. Како што јави Би-Би-Си, се уште е рано да се процени бројот на жртвите.


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет во вторникот, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија, извести новинската агенција Ксинхуа.


Земјотресот во 9.05 часот по локално време (1:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина.

Би можело да ве интересира

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се спасија девојчиња заробени под рушевините во Мјанмар

А1он

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 2.056, а повредени се над 3.900 лица

Горан Наумовски