Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван. Од земјотресот се унраа неколку згради, меѓу кои и еден хотел.
Епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од градот Хуалиен во 23 часот и 50 минути по локално време.
На фотографиите кои се споделуваат по социјалните мрежи може да се забележи оштетување на патиштата.
Се уште нема информации за жртви, но властите соопштуваат дека службите работат на ослободување на заробени луѓе под зградите кои се урнаа.