Во руската нафтена рафинерија „Ачинск“, на исток на Сибир избувна голем пожар, во кој има мртви и повредени, пренесе „Ројтерс“.
Како што пренесе агенцијата не е познато колку луѓе настрадаа во пожарот во рафинеријата, која што е дел од компанијата „Росњефт“.
Официјално лице од руското Министерство за вонредни состојби изјави дека пожарот е локализиран, но не даде коментар за бројот на загинатите во несреќата, наведе „Ројтерс“.
Инаку оваа рафинерија во регионот Краснојарск, дневно произведува 140.000 барели нафта.
Е. Г.