По разорниот земјотрес што го погоди Мароко, спасувачите се тркаат со времето за да спасат што е можно повеќе луѓе. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа спасување на новороденче од урнатините на зграда.
За среќа, бебето било извлечено живо и здраво. Државната телевизија објави дека бројот на загинати достигна 1.037. Претходно беше соопштено дека најмалку 672 лица се повредени. Наведено е дека најмногу штети и жртви има во тешко достапните планински области, а повредените се пренесени на лекување во болници, пренесе АП.
A newborn baby was found buried in a field. The child is alive and admitted to the hospital.
Pray For child 🙏#المغرب #Morocco #زلزال_المغرب #earthquake #earthquake #السعوديه_كوستاريكا #deprem #السعوديه_كوستاريكا #Terremoto #terremotoMarrakech #moroccoearthquake #earthquake pic.twitter.com/B2fdIMETVM— kiran joshi (100% Follow Back) (@kiranjoshi235) September 9, 2023
Земјотресот се случи во мароканскиот планински венец Висок Атлас во петокот нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко беше почувствуван дури и во Португалија и Алжир.
Експертите предупредуваат дека се очекуваат нови земјотреси. Поради својата позиција на контактната линија меѓу медитеранските, европските и африканските плочи, Мароко е особено изложен на сеизмичка активност.