Дел од шесткатна зграда во Бронкс, Њујорк, денеска се урна, а засега нема извештаи за повредени, соопштија локалните власти. Од противпожарната служба изјавија дека нивната истрага за уривањето на зградата е во прелиминарна фаза, пишува Њујорк Тајмс.
Тие додадоа дека пожарникарите трагаат по луѓе кои можеби се заробени под урнатините.
Одделот за згради во Њујорк минатиот месец го казни сопственикот на зградата со 2.400 долари за штети што може да влијаат на стабилноста на зградата и да предизвикаат „потенцијален колапс“.