Рускиот лидер Владимир Путин е снимен како го напушта тоалетот на Елисејската палата и тоа откако петте телохранители најпрво се погрижија дека околината е безбедна. Покрај тоа еден телохранител излезе пред Путин да го напушти тоалетот.
По тој повод поранешниот шеф на германската разузнавачка служба БНД изјави дека ваквото однесување на Путин е „нечуено“.
Рускиот лидер именуваше еден од своите големи наоружени стражари за член на делегацијата за да биде со него во собата каде што се преговараше, што поранешниот шеф на БНД го окарактеризира како „отворена провокација и закана“.
На Самитот на Нордиската четворка за решавањето на кризата во Украина присуствуваа Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Владимир Зеленски.