(ВИДЕО) Шест лица заробени под урнатините, изби голем пожар, цунами му се заканува на Владивосток

Од:

Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Јапонија, објави јавната телевизија NHK. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами долж западните крајбрежни области на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама.

Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе стигне до Ното во префектурата Ишикава, според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар го погодија брегот на Јапонија.

Цунамито може да трае два дена долж јапонскиот брег, предупреди експертот. Големо предупредување за цунами е на сила за Ишикава, додека предупредувањата од пониско ниво се на сила за остатокот од западниот брег.

Генералниот секретар на Заедничката комисија за цунами, Мохамад Хејдарзадех, изјави за Sky News дека природната катастрофа има потенцијал да создаде „долгорочни осцилации“ поради нејзината локација. Ризикот од цунами лежи во Јапонското Море, кое е речиси целосно затворен слив.

„Тоа значи дека би можеле да имате големи бранови два дена, а потоа очигледно влијание врз земјите од другата страна како Северна Кореја, Јужна Кореја, Русија. Ние сме само на почетокот на катастрофата, би рекол“, нагласи тој. .

Северна Кореја издаде предупредување за цунами

Северна Кореја издаде предупредување за цунами на источниот брег на земјата, објави новинската агенција Јонхап. Јужнокорејските медиуми го цитираа севернокорејското државно радио дека до брегот може да стигнат бранови до 2,1 метар. Источниот брег на Јужна Кореја утрово веќе забележа бранови од 45 сантиметри по силниот земјотрес што ја погоди Јапонија, соопшти метеоролошката агенција на таа земја.

Цунамито може да расте по почетните бранови и може да трае повеќе од 24 часа. Провинцијата Гангвон им порача на жителите во итна СМС порака да се држат настрана од брегот и да се евакуираат на повисоките места.

Шест лица заробени под урнатините

Според достапните информации, шест лица се заробени под урнатините на полуостровот Ното. Засега нема информации за нивната состојба. Пожарите во градот Ваџима на полуостровот се чини дека уништија голем број куќи. Се уште нема извештаи за повредени или загинати.

Локалното население беше евакуирано во локалната полициска станица, но таму не беше обезбедена итна помош за нив. Јошимаса Хајаши, главниот портпарол на владата, на прес-конференција во Токио изјави дека јапонските сили се подготвени да бидат распоредени за да помогнат во спасувачките и хуманитарните напори во погодената област.

Хироши Хасе – гувернерот на Ишикава, најтешко погодената префектура – наводно бил во посета на Токио за новогодишниот празник и не може да се врати бидејќи летовите и брзите возови се прекинати поради земјотресот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле