(ВИДЕО) Шест лица загинаа во напад на поштата во Харков

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а 14 се ранети вчера во руски ракетен напад врз пошта во близина на Харков, во североисточна Украина, соопштија локалните власти.

„Шестте убиени и 14 ранети во нападот на окупаторите се вработени во компанијата на терминалот Нова Пошта“, изјави гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов.

Веста на Телеграм ја објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Руска ракета го погоди терминалот Нова Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви. Мое сочувство до роднините и пријателите“, напиша Зеленски.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Украинa: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО на местото на Унгарија

А1он

(ВИДЕО) Русите тврдат дека освоиле важен град на патот кон Покровск

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Се намалува довербата на Украинците во претседателот Зеленски