ВИДЕО: Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка

Од:

Шест девојчиња загинаа, а две лица се повредени во судир на два автомобили на меѓудржавен пат во Тенеси, САД, соопштија локалните служби.

Како што јавува Си-Ен-Ен, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време.

Шест девојчиња се пронајдени мртви на местото на несреќата. Според првите информации тие биле на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно од силината на ударот испаднале.

Жена, за која се верува дека исто така паднала од истиот автомобил, била пронајдена во критична состојба.

На местото на настанот и била укажана помош пред да биде пренесена со хеликоптер во локалната болница, соопштија официјални лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Две лица загинаа во пад на мал авион во Америка

Ана Ололовска

Напад со нож во Кливленд, ранети тројца полицајци

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бајден: Америка го доби она што и требаше, спречивме економски колапс

Ана Ололовска

80 години затвор за тинејџер кој си ги уби мајката и сестрата

Бебе почина во вжештено возило, родителите додека беа на миса и го оставија само три часа

ВИДЕО: Кинески борбен авион опасно се приближи до американски, Пентагон ја објави снимката

Ана Ололовска