Дел од теренот на гробиштата Поџореале во Неапол се урна и десетици ковчези останаа да висат.
Делот од гробиштата кој се урнал бил во близина на крематориум, а од дел од ковчезите се гледаат и телата на починатите лица.
Поџореале се најголемите гробишта во Неапол.
Покрената е истрага за капелата на Воскресението во областа Порта Балестриери на гробиштата и властите вчера го затворија местото.
Десетици гробови беа уништени, а еден локален советник тврди дека претходно имало „трескање и густ облак од прашина“.