(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а осум се повредени при уривање на зграда во главниот град на Египет, објавија државните медиуми. На местото на настанот во работничката населба Кердаса во Гиза биле испратени возила на брза помош. Таму тимовите за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува весникот „Ал-Ахбар ал-Јум“.


Очевидци за весникот изјавија дека колапсот бил предизвикан од „експлозија на плинска боца“ и дека истрагата на полицијата е во тек. Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, каде живеат повеќе од 26 милиони жители.

Во изминатите години, египетската метропола беше сведок на неколку фатални уривања на згради, во некои случаи поради дотраената состојба на некои од нив, а во други поради непочитување на градежните прописи.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа при уривање на зграда во центарот на Мадрид

(ВИДЕО) Мадрид: Се урна зграда, 10 повредени, четворица се исчезнати

(ВИДЕО) Се урна исламско религиозно училиште во Индонезија, потрагата по учениците е во тек

Горан Наумовски

Несреќа во Холандија: Се урна балон со 34 патници, едно лице загина, петмина се повредени

(ВИДЕО) Несреќа во забавен парк во саудискиот град Таиф, повредени се 23 лица

Горан Наумовски

Несреќа во Националниот парк Плитвички Езера, повредени се шест лица

Горан Наумовски