Девет лица се загинати, а околу 20 се уште се под урнатините откако вчера се урна покрив на црква во градот Сиудад Мадеро во североисточната држава Тамаулипас во Мексико, пренесува Би-би-си.
По уривањето на покривот, според локалните медиуми, 49 лица се пренесени во болница.
⚠️ Así fue el momento exacto del derrumbe del techo de la iglesia de la Santa Cruz en la colonia Unidad Nacional en #CiudadMadero, #Tamaulipas .
✝️ Van 12 fallecidos y más de 35 heridos, pues lamentablemente varias personas se encontraban allí celebrando un bautizo. pic.twitter.com/74IKG2Vgto
— Karla Murillo (@KarMurillo2) October 2, 2023
Полицијата во крајбрежната држава Тамаулипас соопшти дека околу 100 луѓе биле на мисата во моментот на уривањето.
Локалните медиуми објавија дека за време на уривањето на покривот во црквата имало крштевање и се верува дека меѓу заробените под урнатините голем број се деца.
Спасувачките акции и потрагата по преживеани се во тек, а во нив се вклучени општинските, државните и федералните власти.
На социјалните мрежи се шират видеа од моментот кога се урнал покривот на црквата и во воздухот се издигнува сив чад, проследено со рушење на надворешните ѕидови.
Според претставници на Црвениот крст, покривот се урнал над клупите во црквата и тоа дава можност заробените да преживеат заради воздушните џебови.
Војници, полицајци, пожарникари и болничари биле вклучени во спасувачката операција, а доцна вчера биле донесени и кучиња за да помогнат во потрагата по преживеани.
Локалниот бискуп, Хозе Армандо Алварез, рече дека покривот на црквата се урнал додека верниците се причестувале и повикал на молитви за жртвите и преживеаните.
„Преживуваме многу тежок ден. Во моментов се работи на извлекување на преживеаните кои беа затрупани под урнатините. Ние се молиме за нив“,
рече тој во видео-порака на Фејсбук.