ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Од:

Медицински транспортен авион се урна во Филаделфија, при што загинаа шест лица во него, меѓу кои и мало девојче, соопшти компанијата што управува со авионот.

Воздухопловната амбуланта Jet Rescue објави дека нивниот авион се урнал и дека во него имало четворица членови на екипажот и една педијатриска пациентка со нејзината мајка.

„Во моментов не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се вели во соопштението на компанијата.

Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека во авионот Learjet 55 имало шест лица и дека авионот се урнал околу 18:30 часот.

Мексиканската влада објави дека сите патници во авионот се мексикански државјани, објави Си-Ен-Ен.

Девојчето патувало дома со авион, а крајната дестинација била Тихуана, изјави за Си-Ен-Ен Шаи Голд, која работи во Одделот за корпоративна стратегија во Jet Rescue Air Ambulance.

Во авионот била и нејзината мајка, додаде тој.

„Ужасно сме шокирани од овој трагичен пресврт на настаните“, рече Голд.

„Ова беше многу искусен екипаж. Ние сме водечка служба за брза помош, летаме од 600 до 700 пати годишно“, додаде тој.

Локалните медиуми јавија дека несреќата се случила во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточна Филаделфија.
На видео снимката што ја објавија локалните телевизиски станици се гледа како авионот паѓа во густо населена област и експлодира.

Најмалку една куќа и неколку автомобили беа запалени, објавија локалните весници.

Авионот на итната медицинска помош полетал од аеродромот во североисточна Филаделфија и патувал 1.800 километри до аеродромот Спрингфилд-Брансон во Мисури, соопшти ФАА.

На почетокот на неделава, патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер Блек Хок се судрија над Вашингтон.

Во најсмртоносната американска воздушна несреќа од 2009 година загинаа 67 лица.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

ВИДЕО: „Веруваме дека нема преживеани, се префрламе на пронаоѓање и извлекување тела“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 тела извлечени од реката, авионот преполовен

Катерина Ѓуровски

Во авионот што се урна биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање Шишкова-Наумов

Катерина Ѓуровски