(ВИДЕО) Се урна дел од зграда во Шпанија, тројца загинати

Од:

Властите извлекоа тела на три лица од урнат дел од зграда во Шпанија.

„Најдовме три тела во урнатините на зградата во Бадалона“, напиша денеска регионалната противпожарна служба на X.

Дел од зградата се урна вчера околу 10 часот и 30 минути, по првичното уривање на поткровјето, што предизвика дополнително уривање на становите. На видеото кое го објавија пожарникарите може да се забележи огромна дупка во внатрешноста на зградата која се протега сè до приземјето на петкатницата.

Џавиер Гарсија Албиол, градоначалник на Бадалона, крајбрежен град северно од Барселона, рече дека спасувачите пронашле тела на маж и две жени, од кои едната била самохрана мајка.

„Мајката пристигна од Источна Европа со две мали ќерки, кои сега се сами“, рекол градоначалникот, а пренесува АФП.

Починаа и жена на 50-годишна возраст и маж на возраст од триесет години, кој неодамна стана татко. Локалните медиуми јавуваат дека се работи за зграда со 20 стана која е изградена во 1959 година и неодамна поминала на безбедносна инспекција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он