Концертот на британкиот бенд Radiohead во Торонто е откажан откако дел од бината се урна додека траела тонската проба.
Уривањето на бината заврши трагично-еден погина а тројца со повреди се пренесени во болница.
Според канадската полиција која ги испитува причините за несреќата во моментот кога бината се урнала на неа имало група луѓе, но не и членовите на бендот.