Видео од кинеска болница во провинцијата Хубеи се појави во јавноста, на кое се гледа жена која се пораѓа, а за која постои сомнение дека е заразена со коронавирус.
Доенчето веднаш било однесено на понатамошно испитување.
Welcome to the world little one! A 28-year-old woman who is highly suspected to have the #WuhanCoronavirus gave birth to a baby in Hubei Province, the epicenter of the outbreak, on Chinese #NewYearsEve. pic.twitter.com/rPIYTC2Ibz
— Global Times (@globaltimesnews) January 26, 2020
Лекарите ја породуваат жената облечена во заштитни костуми.
Најмалку 56 луѓе досега починаа од коронавирусот,а околу 2.000 се заразени.
Бидејќи веќе нема доволно болнички кревети, надлежните почнаа да градат нова болница која се очекува да биде завршена за само неколку дена.