Во инцидент кој што се случи на саем во Индија почина едно десетгодишно девојче, а шест лица се повредени, помеѓу кои три деца.
Додека панорамското тркало се вртеше со полна брзина, една од кабините се откачи и падна.
Сведоците раскажуваат дека забележале дека конструкцијата е лабава и дека може да откаже. За тоа бил известен и сопственикот, кој не презел ништо.
По инцидентот граѓани го претепале сопственикот на панорамносто тркало, по што бил предаден на полицијата, која започна истрага.