Во метрото во Мадрид, жена се онесвестила и паднала на шините. Од сигурна смрт ја спасил еден полицаец, кој во моментот не бил на должност.
Шпанската полиција ја објавила снимката од безбедносните камери, која ни ја прикажува оваа невидена случка, која се случила вчера на станицата “Marques de Vadilla”.
На 52-годишната жена најпрво и била пружена прва помош од еден лекар, кој се наоѓал на местото на несреќата, а подоцна пристигнала и амбулантната кола. Не се знае какви се повреди претрпела.