ВИДЕО: Се огласи врховниот лидер на Иран, не го коментираше нападот на САД, му се закани на Израел

Од:

Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за американските напади врз нуклеарни постројки и реакцијата на врховниот лидер чии советници го најавуваат одговорот, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека израелското бомбардирање започнато на 13 јуни е голема грешка и големо злосторство.

„Ционистичкиот непријател направи голема грешка, направи големо злосторство – мора да биде казнет и сега е казнет; поточно, тој е казнет токму сега“, напиша Хамнеи рано утрото на социјалните мрежи, покрај фотографијата од проектили кои паѓаат врз израелски град, а во позадина огромен череп со Давидова ѕвезда на главата.

Се чини, како што пишува Скај, мислел на последниот ракетен напад врз Израел, во кој бил истрелан еден проектил, кој бил пресретнат од израелските одбранбени сили.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“