(ВИДЕО) Руски регрути врескаат по командантот и го удираат: „Никој не не тренира“

Од:

На социјалните мрежи се прошири видео на кое руски регрути, незадоволни од опремата и обуката што ја добиваат, врескаат по командантот, а еден од нив дури и го удира со тупаница во градите. Заедно со видеото кое кружи на Твитер, се објаснува дека се работи за воен центар во близина на Москва.

„Што се случува, по ѓаволите? Само еднаш бевме на стрелиште “, се слуша како војник му вика на командантот на видеото.

„Засега единствено што разговараше со нас беше Министерството за одбрана. Уште еднаш прашувам зошто пукаме во имагинарна непријателска пешадија? Каде се подвижните цели? Зошто правиме вежби за гаѓање на полигонот за тенкови?“, тој додаде.


„Нема простор за се“

Командантот одговорил дека треба да постројат и други единици кои треба да се обучуваат паралелно со нив, поради што нема доволно простор за сите.

Еден пријател на нашиот командант на вод дојде да не обучи затоа што не донесовте никого. Зошто ни ги дадовте тие кинески кошули, а не војнички елеци? Никој не тестирал дали се отпорни на куршуми, извикуваат војниците.

Во позадина се слушаат други војници кои викаат дека ги тестирале елеците што им биле дадени и дека куршумите ги пробиле. Командирот се обидел да ги убеди дека тоа не е вистина, што довело до расправија. Војниците извикуваа дека им биле дадени контрадикторни упатства за ставање воена опрема и дека некои од нив сами купувале елеци и друга опрема.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ