ВИДЕО: Руски планинар преживеал цела недела без опрема заробен на најсуровата планина на светот

Од:

Рускиот алпинист Александар Гуков, речиси цела недела без опрема бил заглавен на планината Латок-1 во Пакистан. Тој беше спасен и пренесен во болница, но во моментов се наоѓа во критична состојба.

– Спасен е и префрлен во болница во градот Скарду, изјави Ана Пијунова, координаторока на спасувачкиот тим, додавајќи дека во операцијата за спасување учествувале два пакистански воени хеликоптера.

Гуков на планината бил заглавен заедно со Сергеј Глазунов, кој во меѓувреме паднал и починал. Гуков успеал да се искаче до површина на која што можел да стои, на висина од 6.200 метри, а таму останал речиси без опрема, бидејќи поголемиот дел му паднала заедно со неговиот партнер.

на сајтот на планинарскиот сојуз на Русија е наведено дека Глазунов и Гуков биле помеѓу учесниците на експедицијата која планирала да се искачи на врвот Латок-1 во Пакистан за снимање на филм со наслов „Ништо не е засекогаш невозможно“. Овој тим претходно се обидел да се искачи на врвот во 2017 година, но не успеале поради временските услови.

Планината Латок-1 е дел од планинскиот венец Каракорум во Пакистан, а висока е 7.150 метри. Алпинисите во описот на својот проекти наведуваат дека никој не успеал да се качи до врвот на оваа планина од нејзината северна стрмнина.

Во летото 1978 година, група американски алпинисти се искачиле до висина од 7.000 метри, но биле приморани да се симнат, никогаш не искачувајќи се до врвот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина