На социјалните мрежи е објавена снимка од руски воен хеликоптер како брка дронови на украинската морнарица.
Видеото споделено оваа недела беше објавено од украинскиот сајт Strana.ua и покажува како руски хеликоптер Ми-8 брка и уништува беспилотно летало на украинската морнарица, истрелува ненаведувани проектили и користи митралески оган.
More footage of the combat work of a special helicopter detachment that searches for and destroys semi-submersible marine drones.
📹 Tg. Ch. "Helicopterpilot" (Dec. 2023) pic.twitter.com/K8gL4FPGJi— Massimo Frantarelli (@MrFrantarelli) December 6, 2023
Рускиот провоен канал на Телеграм, „Пилот на хеликоптер“ беше првиот што ја објави снимката, тврдејќи дека во средата на видеото е прикажано уништување на пет дронови на украинската морнарица.
Едниот дрон бил уништен со ненаведувани ракети, а останатите со пукање од митралез, објави каналот.