ВИДЕО: Руска ракета со сателит се урна во Пацификот

Од:

Русија денеска изврши неуспешен обид во вселаната да лансира ракета носач „“Зенит 3СЛ“ и сателит „Интелсат-27“, пренесоа руските медиуми.

– Моторот на ракетата откажа, а во моментов нема врска со неа и не се добиваат телеметрички информации, изјави извор од ракетно-веселенскиот оддел.

Според него, ракетата „Зенит-3СЛ“ паднала во Тихиот океан недалеку од платформата, од која утринава била истрелана. Други детали засега не се соопштуваат, додаваат медиумите.

Ракетата носач „Зенит-3СЛ“ ја сочинуваат ракета „Зенит-2“, производство на украинската фабрика „Јужмаш“, и забрзувачки блок ДМ, произведен од руската ракетна и вселенска корпорација „Енергија“.

Центарот за управување на ракетата бил сместен на брод, што пловел во океанот, на шест километри од стартната платформа, посочуваат руските медиуми.

Сателитот „Интелсат-27“ е произведен од „Боинг Сателајт систимс инкорпорејтид“, прецизираат руските медиуми.

Планирано било сателитот да работи во полза на американски и европски клиенти на компанијата „Интелсат“, проширувајќи ја гамата на услуги за медиуми, мрежни фирми и влади.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети