(ВИДЕО) Русите силно го нападнаа Харков, речиси 50 повредени

Од:

Најмалку 47 лица се повредени во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Харков, соопштија локалните власти, објави „Киев Индепендент“. Најмалку осум лица се хоспитализирани по нападот.

„Немаше воени цели и не можеше да има. Русија напаѓа станбени згради во моменти кога Украинците се дома, кога нивните деца спијат. Само тирани можат да издаваат такви наредби и да ги извршуваат“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Харков, вториот по големина град во Украина, со население од еден милион, претрпел повторени воздушни напади во текот на војната.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави на својот официјален Телеграм канал дека нападот бил извршен на 12 локации во четири градски области – Кијевска, Основјанска, Слобидска и Салтивска.

Гувернерот на Харковската област, Олех Синехубов, изјави дека во нападот се оштетени куќи, продавници и возила, а некои згради се запалени. На местото на нападот беа испратени служби за итни случаи.

Зеленски повторно ги повика сојузниците на Украина да ја засилат поддршката за Киев додека Русија ја продолжува својата војна против Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра