ВИДЕО: Русите ја објавија целата снимка од инцидентот со британскиот разурнувач

Од:

Целосната снимка од инцидентот во Црното Море во кое беа вклучени руски брод и британски разурнувач, направена од Руската федерална безбедносна служба, беше објавена денеска.

На видеото се гледа целиот настан, а се слуша и комуникацијата меѓу двата брода.

Русите предупредуваат за можна употреба на оружје, ако британскиот брод не ја послуша наредбата на граничната служба за повлекување.

Според руското министерство за одбрана, британскиот разурнувач навлегол три километри во руска територија. Како што тврдат русите, британскиот брод не ги послушал наредбите и не го променил курсот и поради биле испукани предупредувачки истрели.

Британците велат дека не биле испукани предупредувачки истрели и оти нивниот брод само минувал низ украински води во согласност со меѓународните закони, а дека Русите изведувале вежба.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија