ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев, најмалку двајца мртви

Од:

Најмалку две лица загинаа во Киев во текот на ноќта кога остатоци од дрон погодија станбени згради, предизвикувајќи пожари во неколку населби, соопштија агенцијата за цивилна заштита и градоначалникот Виталиј Кличко.

Жртвите биле пронајдени додека пожарникарите се обидувале да ги изгаснат пожарите во станови кои избувнале откако делови од дронот паднале врз петкатницата. Во меѓувреме, во главниот град изутрината продолжија да се огласуваат сирени за воздушен напад, а Кличко им наложи на жителите да се засолнат.

Кличко рече дека уште осум лица се повредени, меѓу кои и четири деца. Службите за цивилна заштита зборуваа за пет повредени. За петтемина повредени на Телеграм зборуваше и Тејмур Ткаченко, шеф на градската воена управа.

Во една населба беа уништени делови од станбена зграда, рече Ткаченко. Во друг случај се запалиле станови на седми, осми и деветти кат од десеткатница. Погоден е и супермаркет. Украинските медиуми објавија дека се слушнале експлозии за време на тревогата за воздушен напад во градот.

Во Москва, градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм изјави дека руската воздушна одбрана пресретнала девет украински беспилотни летала во текот на ноќта. Нема извештаи за штети или жртви.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води