ВИДЕО: Русија спушти вселенски телескоп во Бајкалското Езеро

Од:

Руски научници вчера спуштија еден од најголемите вселенски телескопи во Бајкалското Езеро за да можат да ги испитаат неговите длабочини.

Телескопот Бајкал ГВД е изграден од 2015 година со цел да се набљудуваат неутрините, најмалата од сите познати честички, и сега е спуштен на длабочина од 750 до 1.350 метри, на околу четири километри од брегот.

Неговите оптички модули ќе го набљудуваат дното на езерото и ќе бараат неутрини, единствените честички што кората на земјата не ги запира.

„Бајкал“ ќе се натпреварува со „Ледена коцка“ (Ice Cube), опсерваторија за неутрини која се наоѓа во американската истражувачка станица на Антарктикот.

Руските научници потврдија дека нивниот телескоп е најголем на северната хемисфера. Според нив, Бајкалското езеро, најголемото езеро во светот, е идеално место за истражување поради неговата длабочина.

Телескопот „Бајкал“ е резултат на соработка меѓу научници од Русија, Чешка, Словачка, Германија и Полска.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот