ВИДЕО: Русија на Киев испали 215 дронови и проектили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза, како дел од напорите на Киев да го прошири кругот на меѓународни партнери.

Иако потврди дека средбата со Рамафоза ќе се одржи, Зеленски најави дека го прекинува престојот во земјата и веднаш по средбата се враќа во Украина, откако во синоќешниот руски напад врз Киев загинаа девет лица.

– Откажувам дел од програмата и се враќам во Украина веднаш по средбата со претседателот Рамафоза, рече Зеленски.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи на Украина ќе остане во Јужна Африка и ќе ги одржи сите планирани состаноци „за политичкото и граѓанското раководство на земјата да биде целосно информирано за ситуацијата“.

Во изјавата, украинскиот претседател наведе дека Русија во текот на ноќта истрелала речиси 70 проектили, вклучително и балистички, и околу 150 беспилотни летала кон Украина.

„Овие напади мора веднаш и безусловно да престанат“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на сите ширум светот кои ја поддржуваат Украина.

Во текот на ноќта Русија истрела вкупно 215 проектили и беспилотни летала кон Украина, соопшти утрово украинското воздухопловство преку соопштение.

Нападот вклучуваше:
11 балистички ракети
55 крстосувачки ракети
4 плански бомби
145 дронови

Од нив, според украинската војска, биле соборени 48 проектили и 64 беспилотни летала, додека 68 беспилотни летала биле „изгубени“, веројатно поради дејствијата на украинските системи за електронско војување кои успеале да ги дезориентираат или пренасочат.

„Главната насока на нападот беше Киев“, соопшти украинската војска.

Властите во главниот град претходно известија дека во нападот загинале најмалку девет лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што е „Воздушна тврдина“, украински систем за борба против дроновите Шахед

Првпат по три години, Русија води офанзива во областа Днепропетровск во Украина

ВИДЕО: Голем напад со дронови на Москва, затворени аеродроми

Германија стравува од руски напад: Имајте залихи за десет дена

Аларм во Вашингтон, не сакаат да им се случи руското сценарио

Трамп: Со нивната операција, Украинците му дадоа причина на Путин да ги срамни со земја