Папата Франциск издаде соопштение во кое објаснува зошто не дозволувал верниците да го бакнуваат прстенот на неговата рака.
Дополнително и портпаролот на Ватикан, Алекандро Гисоти, пренесе дека причината на однесувањето на папата е многу едноставна.
-Светиот отец ми кажа дека мотивот е премногу едноставен – хигиена. Тој сакаше да избегне ризик од ширење на било каква зараза помеѓу луѓето, не го направи тоа поради себе.
Традицијата на бакнување на прстенот на папата трае со векови, а се во име на почитта и послушноста кон црквата.
Гисоти кажа и дека папата Франциск повеќе сака бакнувањето на прстенот да се случува во помали групи, зошто така е ограничено ширењето на бактериите.