Рускиот авион е соборен на неговиот пат кон воздушната база Хмејмим на територијата на Сирија од турски авион Ф-16, наведоа од руското министерство за одбрана.
Руската телевизија објави снимка, односно реконструкција на соборувањето на рускиот авион над турско-сириската граница.
Како што се наведува, тој бил на висина од 6.000 метри кога бил погоден од ракета земја-воздух од неговата задна страна.
Рускиот авион Су-24 е бомбардер кој служи за поддршка на сириската армија на терен.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека соборувањето на авионот ќе предизвика големи промени во односите на Русија и Турција.