Повеќе од 300 лица загинаа, а над 1.800 се повредени, ова засега е билансот по силниот земјотрес што вчера го погоди југозападниот дел на Хаити. Властите ги соопштија овие бројки информирајќи и за огромна материјална штета. Уништени се куќи, цркви, болници, хотели.
Бројот на жртви и повредени не е конечен, уште трае потрагата и спасувачата мисија по исчезнати под урнатините.
Потрагата по исчезнатите и расчистувањето на урнатите дополнително може да го отежнат свлечиштата кои веќе се појавија во некои места, а на почетокот на следната седмица во регионот ќе помине и тропската бура Грејс која ќе однесе врнежи и ветер.
Земјотресот беше со јачина од 7,6 степени по Рихтер, на длабочина од 10 километри . По ударот на земјотресот дополнителен проблем напраи и тоа што водата од морето се излеа по улиците содавајќи дополнителна паника кај населението.