ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Од:

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во областа Арекипа, при што се повредени осум лица, соопштија властите и Националниот геофизички институт (ГПИ).

Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на земјотресот на 7,2 степени.

Земјотресот се случил на длабочина од 42 километри околу полноќ во Тихиот Океан, осум километри од брегот на Каравели, 780 километри јужно од главниот град Лима.

Перуанскиот министер за здравство на X објави дека осум лица се повредени.

Во градот Јаука се урнаа ѕидовите на куќите, а на еден од автопатите се отвори пукнатина, изјави градоначалникот Хуан Арангурен.

Властите издадоа предупредување за цунами неколку минути по земјотресот, по препорака на Централната канцеларија за хидрографија и навигација на морнарицата.

Тоа беше мерка на претпазливост со оглед дека епицентарот на земјотресот бил во морето, изјави премиерот Густаво Адрианзен.

Земјотресот бил почувствуван до Лима и во голем дел од јужниот и централниот брег на Перу.

Перу, со население од околу 33 милиони, се наоѓа во Огнениот прстен на Пацификот, огромна област со силна сеизмичка активност. Секоја година Земјата е погодена од неколку стотици земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес почувствуван во Скопје и околината