ВИДЕО: Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 10 жртви

Од:

Јапонски војници денеска спроведуваат спасувачки акции, во обид да им помогнат на жителите, заробени во бројните поплави предизвикани од тајфунот Хагибис, во кои загинаа најмалку 10 лица, а 17 се пријавени за исчезнати.

Хагибис, кој предизвика поплавени куќи, лизгање на земјиштето, поројни води, бура со обилни дождови, ги зафати централните и источните делови на Јапонија.

Големи поплави има во централниот регион Нагану, каде попушти насипот, па реката Чикума ги поплави куќите, кои се во вода до првиот кат.

Жителите се на терасите додека чекаат за помош, од каде мавтаат со бели крпи на хеликоптерите на јавната телевизиска мрежа НХК и јапонските сили за самоодбрана.

– Во текот на ноќта, издадовме препораки за евакуација на 427 куќи со 1.417 луѓе, изјави Јасухиро Јамагучи, шеф на службата за спасување во Нагано.

На околу 7,3 милиони Јапонци вчера им беше препорачана евакуација, по рекордни врнежи од дожд. Десетици илјади одговорија на тие препораки. Тие се сместени во спортски сали каде им се обезбедува вода, храна и ќебиња.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови