(ВИДЕО) Раз Пери од Израел се фрли врз една бомба за да спаси други луѓе

Од:

Раз Пери (20) од Израел има рак на лимфните жлезди и на 7 октомври бил на музичкиот фестивал „Супернова“, кој Хамас го прекинал кога извршил инвазија и масакр при што загинале најмалку 250 луѓе. Претходно истрелаа 5.000 ракети од Појасот Газа и со тоа официјално започна војната во Израел.

„Њујорк пост“ пишува дека бил со пријателите на фестивалот за да се „почувствува повторно жив“. Сепак, упадот на Хамас промени се.

„Имам рак. Бев на фестивалот за да слушам музика за мојата душа. Не можам да заборавам што видов таму со свои очи“, им рече Пери на новинарите од „CNN“ кои дојдоа во болницата во Реховот, каде што Раз е веќе две недела.

Тој рече дека со голи раце се борел со припадниците на Хамас, а по неколку моменти се засолнил во засолниште со група луѓе. Кога ги виделе членовите на Хамас, пукале во нив, но Пери избегнал куршум.

Потоа сè повторно се смирило за неколку моменти, така што членовите на Хамас ќе го искористат момнетот за да фрлат неколку рачни бомби од покривот. Пери се фрли врз една бомба за да спаси други.

Од експлозијата изгубил свест и бил ранет во ногата. После тоа, тој бил застрелан во стомакот, а за да преживее успеал да се вовлече под телото на мртвата жена и да се преправа дека е мртов.

„Во тој момент не почувствував никаква болка. Само слушав кога автомобилите на Хамас требаше да си заминат“, рече Пери.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад