(ВИДЕО) Путин: Украина е комунистичка творба, сакате ли декомунизација?

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.

„Зошто моравме да исполнуваме било чии национални амбиции? Зошто моравме да даваме некакви права, права на територија кога таа историски била дел на Русија? Прашувам зошто сме морале да бидеме така великодушни? Тоа е лудо. Но, постои објаснување. По револуцијата, болшевиците сакале по секоја цена да останат на власт, па биле подготвени на се, па и на понижување. Биле во многу тешка состојба, излегувале во пресрет на сите барања на разни националисти. Тоа не била само грешка, туку нешто многу полошо, а по распадот на СССР тоа стана очигледно. Мораме да разбереме дека кога зборуваме за граѓанска војна, ситуацијата во земјата била исклучително тешка, но создавањето на Украина е резултат на болшевичката политика. Украина ја создал Ленин, тој бил нејзин архитект, тоа го потврдуваат архивски документи. Сакате ли декомунизација? Ок ок. Подготвени сме да ви покажеме што значи вистинска декомунизација на Украина“, рече Путин.

Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена од Русија.

„Мораме да разбереме што се случува денес и да ги објасниме целите што се пред нас, па затоа е важно да се објасни позадината. Украина е руска креација од самиот почеток. За жал, комунистичка Русија, Ленин и неговите другари прилично брутално отцепиле од Русија некои историски руски делови, а Русите не биле ни прашани за тоа. На во зората на Втората светска војна, Сталин анектираше некои делови и ѝ даде на Украина историски германска територија како компензација. Крим поради некоја причина и беше даден на Украина и така настана. Потсетувам, кога зборуваме за револуцијата од 1917 година, Болшевиците почнаа да создаваат нова држава…“, рече Путин.

Во своето обраќање Путин нагласи дека ситуацијата во Донбас повторно стана критична.

„Ситуацијата во Донбас стана многу критична и денеска директно ви се обраќам, не само да ви дадам оценка за тоа што се случува, туку и да ве информирам за следните чекори. Украина не е само наша соседна земја, туку и составен дел од нашата историја и духовен простор, не се само нашите пријатели и колеги, туку и семејството, имаме крвни врски и историја.

Според Путин, корупцијата ја уништила украинската државност, што било искористено од Западот.

Во еден момент, тој ја нарече Украина „американска колонија“, со која управува „марионетски режим“.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Предупредување од Путин: „Орешник“ ќе ве претвори во прашина

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ