(ВИДЕО) Путин раскажа виц и ја исмеа Европа: „Тато, зошто е толку ладно?“

Од:

Додека ширум Европа се стравува за цените на енергијата и можноста за недостиг, рускиот претседател Владимир Путин се потсмева на одлуките на европските земји да воведат санкции кон Русија, кои според него се повеќе штетни за Европа отколку за Русија.

Путин ја исмеа Европа преку шега што ја кажа на панелот во Москва Valdai think-thank, за време на кој одржа говор во кој рече дека „Западот игра смртоносна игра“ и дека „Русија никогаш нема да потпише мир со неолибералот Запад“, како и дека се ближи крајот на доминацијата на Западот.

А шегата на Путин гласи вака:

Синот го прашува таткото: Тато, зошто е толку ладно?

Тато одговара: Затоа што Русија ја нападна Украина.

Синот: Каква врска има тоа со нас?

Тато: Затоа што им воведовме санкции на Русите.

Синот: Зошто?

Тато: Да се ​​чувствуваат лошо.

Синот: Дали сме ние Руси тогаш?

Откако ја кажа шегата, на лицето на Путин можеше да забележи блага насмевка, а на видеото се слуша како дел од публиката гласно се смее.

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници