Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја остро ќе одговори на сите кои се обидуваат да посегнат по нејзината територија.
„Сите сакаат некаде да нѐ ‘касаат’ и да нѐ ‘гризат’, но оние кои имаат таква намера, треба да знаат дека на сите ќе им ги избиеме забите, за повеќе да не можат да гризат“, рече рускиот лидер на состанок со функционери во Москва.
Путин пригрозил: "Зубы выбьем"
"Все нас хотят где-то укусить или чего-то от нас откусить. Но они должны знать – те, кто собираются это сделать – что мы зубы выбьем всем, так, чтобы они не могли кусаться", – пообещал он. pic.twitter.com/unR9hv9LFS
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) May 20, 2021
Путин рече и дека Русија не оди по патот на „милитаризација“ на економијата.
Според неговите зборови, како земјата станува посилна, така нејзините противници веднаш наоѓаат поводи да се обидуваат да го ограничат нејзиниот развој. Тие обиди продолжиле веднаш по распадот на Советскиот Сојуз, вели Путин.
Тој потсети дека за одбрана оваа година Русија издвоила 42 милијарди долари, додека американскиот буџет за одбранбени цели изнесува 770 милијарди долари.